Инфантино: Нема да има син картон во фудбалот на ниту едно ниво, нема шанси

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино/фото: EPA-EFE/NOUSHAD THEKKAYIL

Претседателот на Светската фудбалска организација (ФИФА), Џани Инфантино го демантираше воведувањето на синиот картон во фудбалот.

Имено, иако се крена прашина по неодамнешните најави дека ФИФА размислува за воведување на ваков новитет, што би значело 10 минути надвор од теренот за фудбалерот за време на натпреварот.

Синиот картон е тестиран на натпреварите од младинската лига во Шкотска и Англија. Неговата суштина беше да ги заштити судиите од потенцијално непријатни ситуации и вербални напади за време на натпреварот. Главните судии би имале единствено право да исфрлат играч од теренот 10 минути поради приговори или груби фаули. Во исто време, два сини картони би резултирале со црвен, како и еден син и еден жолт.

Сепак, ништо нема да излезе од тоа. Во пресрет на 138-та годишна генерална седница на ФИФА, Инфантино ги демантираше тие гласини бидејќи со тоа ќе се наруши долгогодишната традиција и суштина на играта.

– Не, нема да има син картон на ниту едно ниво. Нема шанси. Дали сакате да ви дадам наслов? Еве: „Црвен картон за син картон“! Ние во ФИФА сме секогаш подготвени да слушаме предлози, нови идеи и секој заслужува да биде третиран со почит. Но, во исто време треба да се грижиме за заштита на играта, нејзината суштина и традиција. Затоа – без син картон – изјави Инфантино за новинарите во Глазгов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот