фото: EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Индијана подобра од Милвоки на стартот од НБА плејофот

Кошаркарите на Индијана пејсерс го победија Милвоки со 117:98 во првото коло од плејофот на НБА лигата, поведувајќи со 1:0 во четвртфиналната серија.

Паскал Сијакам ја предводеше Индијана со 25 поени, Мајлс Тарнер имаше 19, Ендрју Нембард 17, Бенедикт Матурин 13, Ти Џеј Мекконел 11 и Тајрис Халибартон 10.

За Милвоки, Јанис Антетокунмпо беше најефикасен со 36 поени и 12 скокови, Остин Иан Грин постигна 15, Гари Трент 14 и Кевин Портер 12 поени.

Вториот натпревар од серијата исто така ќе се игра во Индијана, во ноќта помеѓу вторник и среда.

Првата екипа што ќе постигне четири победи ќе се пласира во полуфиналето на Источната конференција. Победникот од оваа серија ќе се соочи со подобриот од двомечот меѓу Кливленд и Мајами во полуфиналето на Истокот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот