
Инцидент како со авионот на Фон дер Лајен имал и Бујар Османи како претседавач со ОБСЕ
Она што е впечатливо е што овој факт никогаш не е објавен, ниту од ОБСЕ, ниту од Европската Унија, ниту од властите на НАТО. За разлика од случајот со фон дер Лајен, кој отворено беше разгледан од Европската комисија, инцидентот од 2023 година со Османи бил разгледуван интерно и остана скриен до денес.
Инцидентот со авионот на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, кој беше принуден да слета во Пловдив без ГПС-навигација, не бил единствен ваков инцидент со авион во кој се превезувал висок функционер.
Препорачано
Албанскиот портал „Јавањуз“ денеска објави дека ваков инцидент се случил и пред две години со службениот авион на поранешниот министер за надворешни работи Бујар Османи, кој тогаш беше претседавач со ОБСЕ.
Во објавата стои дека според сигурни извори запознаени со случајот, авионот на Османи претрпел целосно губење на ГПС сигналот во бугарскиот воздушен простор во февруари 2023 година, додека се враќал од официјална мисија на ОБСЕ во Молдавија.
Поради тоа, пилотите биле принудени да користат печатени мапи, следејќи ги точно истите протоколи за итни случаи што се користеле неколку дена претходно за време на слетувањето на фон дер Лајен во Пловдив.
Она што е впечатливо е што овој факт никогаш не е објавен, ниту од ОБСЕ, ниту од Европската Унија, ниту од властите на НАТО. За разлика од случајот со фон дер Лајен, кој отворено беше разгледан од Европската комисија, инцидентот од 2023 година со Османи бил разгледуван интерно и остана скриен до денес.
Според албанскиот портал, сличностите меѓу двата случаи се впечатливи – и двата вклучуваат високи лидери, и двата се случија над бугарскиот воздушен простор, и двата беа принудени да ја напуштат технологијата и да се вратат на рачна навигација поради сомневања за намерно ГПС блокирање.
„Два такви инциденти, кои влијаат на високи функционери во истиот коридор за лет, јасно укажуваат на системска ранливост“, изјавил за порталот европски аналитичар за безбедност во воздухопловството.
Случајот со фон дер Лајен, додава порталот, веќе ги принуди бугарските воздухопловни власти да признаат дека во нивниот воздушен простор се случуваат блокирања на ГПС-сигналот во воздухопловите и да потврдат сомнителна непријателска активност од страна на Русија.
Со случајот на Османи, пак, целата слика станува позагрижувачка бидејќи покажува дека источната граница на Европа е многу поранлива и помалку безбедна отколку што се сметаше претходно, оценува албанскиот портал.
„Доколку ова беше објавено во 2023 година, веднаш ќе генерираше бран дипломатски истраги. Тоа што не беше пријавено е едноставно неверојатно“, вели висок европски функционер за безбедност за порталот.
Според „Јавањуз“, двата инциденти фрлаат долга сенка врз протоколите за воздухопловна безбедност на Бугарија и нејзината ранливост кон руските разузнавачки операции во земји од источното крило на НАТО.