ИН МЕМОРИАМ: Почина Градимир Јовановиќ – Киби

Вчера во Скопје во 81-та година од животот, почина Градимир Јовановиќ – Киби, бардот на македонското радио новинарството и еден од основоположниците на дневниот весник Слободен печат.

Јовановиќ беше единствен во историјата на македонското радио кој во рамки на радискиот фестивал на југословенската радио и телевизија има освоено три 1-ви награди за најдобар радио весник во конкуренција на сите радио станици на СФРЈ како и 1-ва награда во конкуренција за најдобар политички коментар.

Носител е на повеќе професионални награди за новинарство во Р. Македонија, помеѓу кои и наградата за новинарство “Крсте Мисирков”. Одликуван е со Орден за труд со златен венец од Јосип Броз Тито во името на СФРЈ.

Ќе остане запаметен по своето критичко перо, бескомпромисност и карактеристичен глас.
Погребот е извршен денес, во најтесниот круг на семејството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот