Фото: Скриншот/Јутјуб

ВИДЕО | Има 34 години, а веќе се спрема за смртта: Ед Ширан открива дека создава постхумен албум, а веќе се гради неговата гробница

Иако има само 34 години, британската музичка ѕвезда Ед Ширан веќе активно размислува за своето музичко наследство. Во интервју со новинарот Зејн Лу, пејачот откри дека планира постхумен албум кој ќе го носи насловот „Eject“.

Ширан објасни дека проектот ќе содржи десет песни кои ги напишал во текот на својот живот, а конечниот избор ќе ѝ го препушти на неговата сопруга, Чери Сиборн.

„Сè е запишано во мојот тестамент. Ако утре заминам, Чери ќе ги избере песните“, изјави музичарот.

Албумот, според него, ќе вклучува композиции напишани од неговата 18-та година па сè до крајот на животот.

„Замислете да постојат снимки на 16-годишните ‘Битлси‘, а потоа да се одберат десетте најдобри песни од целата кариера на Пол Макартни“, додаде Ширан, нагласувајќи дека сака навреме да испланира што ќе остане зад него.

Иако е млад и на врвот на својата кариера, пејачот не крие дека ништо не сака да препушти на случајност. Дури веќе започнал со изградба на приватна капела и гробница на својот имот во Сафолк.

„Знаете како излегуваат постхумни албуми, некако непланирани. Јас сакам да имам план, бидејќи никогаш не знаеш“, нагласи тој.

Ширан уште во март годинава, во гостување кај Џими Фалон, откри дека со години работи на идеја за десетоделен музички проект.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот