
ВИДЕО | Им ги растурила браковите: Џон Малкович по 30 години ја призна аферата со Мишел Фајфер
Познатиот американски актер Џон Малкович (71) по повеќе од 30 години за првпат отворено проговори за својата кратка, но интензивна врска со колешката Мишел Фајфер, која во 1988 година довеле до распад на двата нивни бракови.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Малкович тогаш бил во брак со актерката Глен Хедли, додека Фајфер била во брак со колегата Питер Хортон.
Нивната романса започнала во текот на снимањето на филмот „Опасни врски“, во кој Малкович го заводничката Валмон, а Фајфер ја играше госпоѓа де Турвел. Хемијата што ја пренеле на филмското платно наскоро процветала во реалниот живот, пишува „Дејли мејл“.
Зборувајќи во поткастот „Fashion Neurosis“, Малкович признал дека аферата скапо го чинела.
„Тоа не е нешто за кое некогаш навистина сум зборувал. Кажете го вака: во работаата со која се занимавам, многу брзо воспоставувате емоционални врски со луѓето. Тоа е дел од работата. Многу ретко тие врски одат подалеку од работата. За мене, таа беше некој што навистина го ценев како колешка, беше исклучително забавна, трогателна и неверојатно фер кон мене. А јас секако не бев.“
Фајфер никогаш јавно не ја коментирала аферата, иако шпекулациите траеле со децении. Дури и режисерот Стивен Фрирс еднаш истакнал дека во текот на снимањето, „фикцијата и реалноста се испреплетале“.
Малкович признал дека дури подоцна ја сфатил цената на преминувањето на границата помеѓу пријателството и љубовта: „Научив дека е потешко да се најде одличен колега од сè друго. Кога тој однос ќе премине во нешто повеќе, тешко е да се врати назад“.
Како пример, тој го навел долгогодишното пријателство и соработка со литванската актерка Ингеборга Дапкунаите, кое остана недопрено токму затоа што никогаш не ја преминале таа граница.
Да потсетиме, Малкович се разведе од Глена Хедли истата година кога „Опасни врски“ се појави во кината, а таа почина во 2017 година на 62-годишна возраст. Денес, Малкович живее со италијанската сценографка Николета Пејран, со која има две деца. Откако се разведе од Хортон во 1990 година, Мишел Фајфер се омажи за продуцентот Дејвид Е. Кели, со кого е сè уште во брак и има две деца.