Лари Елисон / Фото: Flickr / Oracle PR

Илон Маск повеќе не е најбогат на светот

Со пораст од неверојатни 40% на акциите на „Оракл“ (“Oracle”) во еден ден, коосновачот и технички директор на компанијата, Лери Елисон, ја зголеми својата нето-вредност за 101 милијарда долари, достигнувајќи вкупно 393 милијарди долари, јавија светските медиуми.

Тоа е најголемиот еднодневен раст во историјата на компанијата.

Маск, кој со години беше на врвот благодарение на успехот на „Тесла“, „Спејсекс“, сега е симнат од првото место по богатство, a Елисон, кој поседува 41% од „Оракл“, официјално стана најбогатиот човек во светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот