Profimedia

Илон Маск почнува со продажба на вилите! Не сака да има недвижен имот

Светските медиуми пренесуваат дека првиот човек на „Тесла“, Илон Маск, почнал да го исполнува она што го напишал на Твитер, а што неговата компанија скапо ја чинеше.

Маск на 1 мај објави твит дека го продава целиот недвижен имот, односно дека не сака да поседува куќа. Според некои извори, американскиот милијардер наводно ставил две куќи на продажба.

ProfimediaМаск за две вили во Лос Анџелес бара 39,5 милиони долари, а едната од нив претходно му припаѓала на познатиот глумец Џин Вајлдер.

Меѓутоа, не е доволно само да се има пари за неа. Маск на Твитер повторно напиша дека „вилата не смее да биде урната, ниту да ја изгуби душата“.

Twitter

За куќите во Лос Анџелес е наведено дека ги продава сопственикот, а не агентот за продажба, што некои ги наведе да се прашаат дали Маск е сериозен во оваа намера или можеби сајтот Zillow, на кој се објавени огласите е хакиран, напоменува BBC.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!