Илјадници Израелци марширајќи стигнаа во Ерусалим, бараат ослободување на заложниците од Газа

Фото: МИА/ЕПА

Илјадници Израелци кои со марш бараат ослободување на заложниците од Газа денеска стигнаа во Ерусалим, додека преговарачите се подготвуваат за продолжување на преговорите во Каиро, кои би вклучиле договор за размена на заложници и заробеници со Хамас.

Колона демонстранти, предводени од семејствата на заложниците киднапирани од милитантите за време на смртоносниот напад на Хамас во јужен Израел на 7 октомври, пристигнаа по автопат до Ерусалим.

Носејќи израелски знамиња, жолти балони и транспаренти со лицата на заложниците, тие го завршија четиридневниот марш што почна на едно од местата на октомврискиот напад, а им се придружија и други демонстранти на собирот пред резиденцијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Маршираме за да им дадеме поддршка на семејствата на киднапираните, со желба тие наскоро да бидат ослободени и да бидат безбедни. Се молиме за нив со секој наш чекор, изјави  еден од демонстрантите.

Мировните преговори за Газа треба да продолжат утре во Каиро.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот