Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

Илијоски: Пред сѐ треба да уживаме и да одиграме најдобро што знаеме на ЕП
Се бројат деновите до почетокот на Европското првенство кое сите со нетрпение го очекуваме. Континенталниот собир ќе се одржи во повеќе европски градови во периодот од 11 јуни до 11 јули 2021 година.
Препорачано
Македонија ќе дебитира во групата „Ц“ во која се наоѓаат уште селекциите на Холандија, Украина и Австрија.
Својот прв натпревар избраниците на селекторот Игор Ангеловски ќе го имаат на 13 јуни во Букурешт против Австријците, четири дена подоцна во романскиот главен град ќе се соочат и со Украинците, а на 21 јуни во Амстердам ривали се Холанѓаните.
Селекторот Ангеловски веќе објави 26 имиња на кои ќе смета за настапот на ЕП.
Поранешниот репрезентативец на Македонија, Баже Илијоски верува и се надева дека нашата селекција ќе има што да каже и на овој голем настан.
– Нѐ очекува Европско првенство кое што е најбитно натпреварување во нашата историја. Ја мислам дека имаме квалитет и дека имаме големи шанси да се носиме со сите репрезентации и мислам дека ќе направиме добри резултати.
На едно вакво натпреварување пред сѐ треба да уживаме и да одиграме најдобро што знаеме, а резултатот сам по себе ќе си дојде. Јас верувам во селекторот и неговиот стручен штаб и знам дека ќе направиме добар резултат – ни изјави Илијоски.
ЕВРО 2020, Секуловски: Нема потреба Македонија да го менува пристапот!
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
1час
-
1час
-
2час
-
2час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5