Фото: Barcelona FC

Играше за Барселона и Милан, а сега на 31 година е пред најтешкиот предизвик, може да остане инвалид

Поранешниот шпански репрезентативец Жерар Деулофеу, кој во својата кариера настапуваше за европски гиганти како Барселона, Милан и Евертон, денес се соочува со најтешкиот предизвик во животот бидејќи постои опасност во иднина да не може да оди. Само 31 година има офанзивецот кој требаше да биде на врвот на својата кариера, но од јануари 2023 година не одиграл ниту една минута поради сериозна повреда на коленото.

Делофеу има 31 година, но од јануари 2023 година не одиграл ниту еден натпревар, а причина е сериозна повреда на коленото. Ситуацијата се влошила по натпреварот против Наполи, кога заработил тешка повреда која барала операција. Оттогаш, речиси три години води тешка битка со сопственото тело. Во меѓувреме, во јануари годинава, по заемна согласност му беше раскинат договорот со Удинезе, каде што имаше важечка соработка до 2026 година.

Во искрен разговор за „Flashscore“, Деулофеу откри дека е во тешка состојба.

„Ова е многу повеќе од повреда, ова е на работ на траен инвалидитет. Како да имам протеза во коленото. Кога коската удира во коска и не можеш да направиш ниту еден чекор… тоа е сериозно. Се борам со биологијата, но и со мојата глава“, вели тој.

И покрај разделбата со клубот, Деулофеу изразува огромна благодарност до Удинезе и нивниот претседател:

„Се борам веќе две и пол години. Имав среќа што мојот тим, претседателот и соиграчите беа покрај мене во секој момент.“

Шпанецот признава дека безброј пати размислувал да стави крај на кариерата, но сè уште не ја изгубил надежта:

„Ќе биде исклучително тешко, но сакам да направам нешто што ќе остане запаметено. Можеби ќе бидам играчот кој најдолго отсуствувал, а сепак се вратил. Тоа би било прекрасно. Се молам за чудо за моето семејство, за моите деца. Тие се родени знаејќи дека сум фудбалер, но сакам да ме видат на терен сега кога се повозрасни“, изјави Деулофеу.

Инаку, Деулофеу беше еден од најголемите таленти на Барселона, каде ја започна својата кариера. Имаше блесоци и во Милан, Вотфорд и Удинезе, а настапуваше уште за Евертон и Севиља. За шпанската репрезентација одигра четири натпревари и постигна еден гол.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот