Игор Џамбазов / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Игор Џамбазов „удри“ по критичарите: „Ако не си го повлечеш зборот, мојот адвокат ќе ти го направи животот мизерен“

Игор Џамбазов важи за еден од најпопуларните јавни личности во Македонија, и тоа не случајно. Потекнува од познато актерско-музичко семејство, а првите чекори на сцената ги направи на само 6 години. Оттогаш, низ децении, гради впечатлива кариера исполнета со многу претстави, филмови, шоу-програми, концерти препознатливи по неговиот хумор и енергија што го прават омилен кај многумина.

Сепак, како и многу јавни личности и тој често се соочува со критики, дел од нив се добронамерни, но има и од оние кои се злонамерни.

Иако навредливи коментари постоеле отсекогаш, овој пат еден посебно го погоди Игор. Како и вообичаено, наместо да молчи, тој одлучи јавно да возврати на „ударот“, сдекако, во свој стил.

– Што да се каже, пријателе Цане (ако воопшто се викаш така). Што човек си ти штом им посакуваш смрт на луѓето, и тоа вака јавно? Сигурен сум дека твоите родители се горди на тебе, а и на ова што ми го напиша. А и децата исто (ако ги имаш, а подобро да ги немаш, оти и тие ќе бидат исти како тебе). Ама еве кај си се заебал Цане мој. Мене не ме фаќаат вашите клетви. Времето го покажа тоа. И тоа во повеќе наврати. Ме умираа разни типови по социјалните мрежи, ме умираа портали, весници, телевизии … Но никој вака директно како тебе. Се распрашав Цане мој. Тоа да ти се викало Говор на омраза и посакување смрт. И се казнува по закон. И сега слушај ме внимателно Цане мој. Ако до полноќ не си го повлечеш зборот, и не ми се извиниш јавно, сметај дека од утре мојот адвокат ќе ти го направи животот уште помизерен од тој што сега го живееш … Ако случајно си дете, не си ти виновен срце мое. Твоите се … П.С. Понекогаш навистина ми е жал за луѓето како тебе … П.С.2 Ниту ќе умрам наскоро, ниту сум глуп. Пожив сум од сите вас заедно, и мнооогу умен. То ти је то, Цане мој … – заврши Џамбазов.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Igor Djambazov (@igordzambazov)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот