
Иџе ја освојува Европа, триумф и во Чешка – Македонецот е „кралот на ридските патеки“
Македонскиот автомобилист Игор Стефановски беше најдобар на трката „Еко Хомо Штернберг“ во Чешка во рамките од Европскиот шампионат на ридски патеки.
Препорачано
Иако во текот на тренинзите имаше проблем со моторот на возилото, нашиот Иџе во чешката Прага најпрвин го освои првото место во првата трка поставувајќи нов рекорд на патеката во групата „3“.
Со својот „Хјундаи и30 ТЦР“ беше најдобар со време 3:15.299, пред Италијанецот О`Плеј и Австриецот Дитхард Стернад.
Својата доминација Стефановски ја потврди и во втората трка како првопласиран со време 3:18.159, исто така пред О`Плеј и Стернад. Сите резултати ТУКА
Во конкуренција од 100 натпреварувачи од цела Европа, Иџе атакува годинава на титулата во Европскиот шампионат на ридско планински трки, со новите 25 поени, ќе остане првопласиран во генералниот пласман со 118 поени.
Претходно Македонецот имаше победи и во Франција, Шпанија и Португалија.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
7мин
-
27мин
-
42мин
-
1час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5