Виртуелна јахта Сендбокс
Виртуелната јахта која на Сендбокс се продаде за 650 илјади долари/ Фото Twitter

Иднината пристигна: Виртуелна јахта продадена за 650 илјади долари

„Сендбокс“, виртуелен свет изграден во „Етериум“ каде што корисниците можат да продаваат, купуваат и тргуваат со дигитални артикли и стоки, да градат свои игри и да ги монетизираат своите искуства, снимија трансакција без преседан, објави порталот Gadgets.ndtv.com.

Имено, виртуелна мегајахта наречена „Metaflower Super Mega Yacht“ е продадена во „Сендбокс“ за неверојатни 650.000 долари. Луксузниот брод, кој е дел од „Метаверзумот“, има, меѓу другото, два хелиодроми, када со џакузи и кабина за диџеи. Со гореспоменатото купување, „Metaflower“ стана најскапиот незаменлив токен (NFT) некогаш продаден во Сендбокс.

Метаверс или метаверзумот е всушност футуристички, тридимензионален интернет, заеднички виртуелен простор на одредена заедница создаден со примена на проширена реалност.

Според фотографиите кои се појавија на социјалните мрежи, продадената виртуелна јахта е бела и има три ката, а уплатата е извршена во криптовалути во износ од 149 етер токени. Мега-садот беше објавен од Republic Realm, развивач на метаверс. Бродот е специјално дизајниран како дел од луксузната серија НФТ направена само за Сендбокс. Во истата серија има и приватни острови, глисери, џет ски и други производи.

Gadgets.ndtv потсетува дека претходно во ноември, земјиштето во Децентраланд, тродимензионален универзум на виртуелна реалност изграден на Етеруим, беше продаден за 2,43 милиони долари. Корисниците таму можат да купат парчиња земја и имот за нивните виртуелни аватари за да го прилагодат своето искуство на постоење во алтернативна реалност.

Неодамна, во виртуелниот свет на игрите Axie Infinity, беше купен и дел од дигиталната земја за 2,3 милиони долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот