Бесарт Ибраими/фото: KF Shkëndija

Ибраими: Рајо Ваљекано е фаворит, но нашата задача пред сè е да излеземе и да го дадеме максимумот

Денеска од 18.45 часот македонскиот фудбалски шампион Шкендија против Рајо Ваљекано ќе го одигра својот прв натпревар во УЕФА Конференциската лига, во рамките од лигашката фаза во Мадрид, Шпанија.

Пред денешниот дуел на „Естадио де Ваљекас“, своите очекувања за дебитантскиот настап ги сподели капитенот на тетовските „црвено-црни“, Бесарт Ибраими:

– Ова е историски натпревар за сите нас. Задоволни сме што стигнавме до тука, подготвени сме да го дадеме максимумот, знаеме против кој противник играме. Го цениме тоа и треба да се цени, наше е да излеземе на теренот, и да се надеваме дека во фудбалот не секогаш победува најдобриот. Ни јас не би издвоил ниту еден од играчите. Ги следевме нормално, натпреварите со Барселона и Севиља, противникот има добар и борбен тим.

Знаеме дека екипата на Рајо Ваљекано е фаворит на мечот. Речиси секоја недела ги гледаме Ла Лига. Играле против тимови како Барселона, Реал Мадрид, па ги познаваме и сме горди што играме ваков натпревар со тимови што ги гледаме против Реал Мадрид или Барселона, но нашата задача пред сè е да излеземе и да го дадеме максимумот – се зборовите на Ибраими.

Вардар, па сега Шкендија: Македонски клуб првпат по осум години ќе игра во Шпанија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот