epa-efe
Фото: EPA/PAUL BUCK

Иако е обвинета дека ги злоставува вработените, Елен Деџенерис доби награда

И покрај обвиненијата за токсична работна атмосфера и злоставување на работа, водителката Елен Деџенерис ја доби наградата од публиката (People’s Choice Awards), признание во категоријата за најдобро дневно ток-шоу во САД.

Премиерата на новата сезона започна на 20-ти септември, по бурното лето во кое дури беше покрената истрага против водителката и нејзиниот тим.

Целата приказна се разгоре во април оваа година откако на работниците им беа намалени платите поради појавата на пандемијата на коронавирусот. Ги вознемири тоа што Елен за емитувањето на емисијата од карантин, односно од нејзиниот луксузен дом, ангажирала надворешна компанија, а не нив.

Интерната истрага е покрена од Групата за односи со вработени, соптвеникот на „WBTV“ и групацијата „Warner Media“, со цел да ја утврдат вистинитоста за шокантните наводи во кои Елен е обвинета за мобинг.

На вработените им биле испратени писма во кои тие биле известени дека ќе бидат сослушани. Истрагата ја потикнаа јавните признанија на вработените и наводите за малтретирање, расистичките испади и застрашувањето од страна на водителката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот