Елфете Исмаили / Фото: Фејсбук

И заменичката во Одбрана, Елфете Исмаили, поднесе оставка и замина во опозиција

Заменик-министерката за одбрана, Елфете Исмаили, поднесе оставка од функцијата следејќи ги нејзиниот лидер Арбен Таравари и заменик- министерот за земјоделие Фљакрон Беџети.

„Денес поднесов неотповиклива оставка од функцијата заменик-министер за одбрана. Додека ја извршував оваа функција се водев од институционална посветеност, транспарентност и од одговорност кон граѓаните и кон државниот интерес. Мојата оставка е резултат на длабока лична и професионална проценка, верувајќи дека ова е неопходен чекор и во согласност со моите убедувања“, објави Исмаили на „Фејсбук“.

Таа му се заблагодари на премиерот Христијан Мицкоски за довербата и можноста да биде дел од Владата или како што вели таа, тим „кој носеше важна одговорност во чувствителен период за заштитата и безбедноста на земјата“.

„Исто така, посебна благодарност му упатувам на претседателот на Алијансата за Албанците, г-дин Арбен Таравари, за поддршката и довербата што ми ја даде достојно да ја претставувам нашата партија и општество на оваа висока функција. Поддршката на институциите и придонесот кон јавниот интерес секогаш ќе останат мој приоритет, без оглед на позициите што ги држам“, напиша Исмаили во оставката.

По одлуката на крилото на Алијанса на Албанците на Арбен Таравари да излезе од власта и да оди во опозиција, прв оставка од функцијата министер за здравство поднесе токму Таравари, а него денеска го следеше и заменик-министерот за земјоделство, Фљакрон Беџети.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот