
И тироидната жлезда има своја омилена храна, а еве од која „не ѝ е добро“
Тироидната жлезда има потреба од јод за нормално да функционира и да продуцира доволно хормони што му требаат на организмот. Ако не внесувате доволно јод во организмот, можете да го нарушите здравјето и да обезбедите пат кон состојби како што се гушавост или хипотиреоза.
Препорачано
Според Светската здравствена организација (СЗО), во светот има две милијарди заболени од некое нарушување на тироидата, од кои 20 отсто се жители на Европа.
Жените почесто заболуваат од болести на штитната жлезда, секоја трета жена има јазол на неа, а секоја десетта има некое нарушување на фунцкијата на тироидата.
Јогурт – млечните производи се полни со јод, но во нормални количини. Јогуртот со помал процент на масленост е добар избор и обезбедува околу 50 отсто од препорачаниот дневен внес.
Бразилски ореви – тие се богати со селен, кој, исто така, е важен за работата на тироидата. Жените кои реодвно внесуваат селен во организмот имаат помали шанси кај нив да се развие болест на тироидата или гушавост, покажале истражувањата.
Риба – рибата е уште еден добар извор на овој нутриент, а научниците неодамна заклучиле дека луѓето кои живеат далеку од море и рибата не им достапна како намирница, имаат поголеми шанси да развијат гушавост (струма).
Јајца – едно јајце содржи околу 16 отсто јод и 20 отсто селен, што значи дека е совршена намирница за здравјето на тироидата.