
И Румен Радев покрај Гордана Сиљановска – Давкова на комеморацијата во Аушвиц
Бугарскиот претседател Румен Радев ќе присуствува денеска на комеморативната церемонија по повод 80-годишнината од ослободувањето на концентрациониот логор Аушвиц-Биркенау во Полска, објави прес-службата на шефот на бугарската државата.
Препорачано
Заедно со Радев во бугарската официјалната делегација е и Знеполскиот епископ Мелетиј, кој ќе учествува на заедничка молебен, заедно со другите верски претставници, во рамките на комеморативната церемонија во логорот Аушвиц – Биркенау.
Бугарската православна црква има значајна улога во спасувањето на еврејската заедница во Бугарија за време на Втората светска војна, нагласуваат бугарските медиуми кои ја пренесоа веста за присуството на Радев во Полска на комеморацијата.
Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот е востановен на датумот на ослободувањето на концентрациониот логор Аушвиц-Биркенау од страна на Црвената армија на 27 јануари 1945 година. На комеморативните церемонии на традиционално присуствуваа шефови на држави и влади, претставници на меѓународните организации, дипломатите и преживеаните од Холокаустот.
На комеморацијата, што ќе се одржи во Меморијалниот центар и музеј „Аушвиц-Биркенау” на 27 јануари – Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите на холокаустот најавено е присуството на педесетина државни делегации од целиот свет, предводени од шефови на држави и влади, високи владини претставници, како и претставници на меѓународни организации и преживеани лица од логорот.
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ќе престојува во посета на Република Полска, по повод одбележувањето на 80. годишнината од ослободувањето на германскиот нацистички концентрационен и логор за истребување Аушвиц-Биркенау, во предградието на Освиенцим, близу Краков, соопштија од нејзиниот кабинет.
„Во логорот Аушвиц, од страна на германските нацисти се убиени околу 1,1 милион луѓе, а во 1945 година од логорот се ослободени околу седум и пол илјади преживеани затвореници. За време на престојот во Полска, претседателката ќе го посети Јагелонскиот универзитет во Краков и Лекторатот по македонски јазик при овој Универзитет, каде ќе оствари средба со полски македонисти и слависти“, соопштија од таму.
Сиљановска-Давкова на одбележување на годишнината од ослободувањето на Аушвиц