Знамето на Палестина/ Фото: EPA-EFE/MATTEO CORNER

И Португалија ја призна Палестина

Португалија е уште една земја која денеска ја призна Палестина, изјави португалскиот министер за надворешни работи Пауло Рангел. Тој изјави дека Португалија се залага за решавање на спорот меѓу двете држави како единствен пат кон трајниот мир.

-Прекин на огнот е итно потребен, наведе Рангел и додаде дека Хамас не може да има било каква контрола во Газа ниту надвор од неа, барајќи ослободување на сите заложници.

Исто така тој додаде дека признавањето на Палестина како држава не ја брише хуманитарната катастрофа во Газа осудувајќи ги гладта и проширувањето на израелските населби на западниот брег. Палестина ја признаваат 150 од 193 држави членки на ОН што е 75 проценти, но таа нема меѓународно договорени граници, главен град ниту војска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот