
И поранешниот менаџер на Тејлор Свифт и Џастин Бибер е вклучен во битката меѓу Лајвли и Балдони
Правната битка помеѓу Блејк Лајвли и Џастин Балдони продолжува, а тимот на актерката сега планира да го повика на суд Скутер Браун, поранешниот публицист на бројни познати личности и извршен директор на „HYPE America“. Според „Пејџ Сикс“, тимот на Блејк бара детали, кои неговата компанија ги знае за публицистката Мелиса Натан.
Препорачано
Мелиса беше ангажирана од Балдони откако во август минатата година се појавија гласини за караница меѓу колегите од „Завршува со нас“ (It Ends With Us). Натан беше именувана како една од обвинетите во тужбата на Лајвли против Балдони, која актерката ја поднесе во декември 2024 година, во која Блејк го обвини Џастин за сексуално вознемирување и организирање кампања за клевета против неа за да ја уништи нејзината кариера.
Џастин ја ангажираше Мелиса, која е искусен експерт за односи со јавноста во кризни ситуации, по обвинувањата дека на Блејк ѝ е „непријатно“ на снимањето поради Балдони. Меѓу гласините беше и дека Балдони ја исмевал Блејк за нејзината тежина прашувајќи ја колку тежи за да може да се подготви за сцена во која мора да ја крене.
Кратко по тие извештаи, се појавија стари интервјуа во кои Блејк упати навреди против трансродовите лица и навреди еден новинар. Покрај тоа, многумина ја нападнаа затоа што не одговарала на прашања за семејно насилство, централна тема на филмот „Завршува со нас“.
Во својата тужба, Блејк тврдеше дека Балдони стои зад сите критики што ги добила и го обвини за „социјална манипулација“. Во тоа време, претставникот на Балдони рече дека актерот ја ангажирал Натан откако Лајвли наводно упатила „повеќекратни барања и закани“ да не се појави на снимањето или да не го промовира филмот доколку нејзините потреби не бидат задоволени. Адвокатот на Џастин, Брајан Фридман, ги опиша нејзините обвинувања како „срамни“ и „категорично лажни“.
Балдони поднесе контратужба против Блејк и нејзиниот сопруг Рајан Рејнолдс, но таа беше отфрлена во понеделникот. Неговите адвокати планираат да поднесат нова, изменета тужба.
Браун не е првата позната личност што е вмешана во овој случај. Балдони ја именуваше пејачката Тејлор Свифт, долгогодишна пријателка на Блејк, во својата тужба. Тој рече дека Блејк ја искористила популарноста и моќта на нејзината пријателка за да го добие она што го сака. Неговиот адвокатски тим ѝ испратил на пејачката судска покана, но ја отфрлил минатиот месец.
Судењето е закажано за март 2026 година.