Данела Прес/Фото: Слободен печат/Слободан Ѓуриќ

И понатаму се гради на спорното место во Чаир каде вчера беше нападната Арсовска, вели советничката Ирина Витина

Советничката во Советот на Град Скопје и една од најблиските соработнички на градоначалничката Данела Арсовска, Ирена Витина информира дека и понатаму се гради на спорното место каде што вчера беше нападната Арсовска при увид на дивоградбата. Витина сподели со јавноста дека спорната градба е во непосредна близина на полициската станица Чаир.

„И покрај нашето вчерашно присуство на терен и поднесената пријава до надлежните органи за небезбедна зграда дивиградба која без документи се гради на булевар Никола Карев, сепак без срам денес продолжуваат градежните активности на истата дивоградба која се наоѓа на 100 метри од полициска станица. Работата се одвива непречено, пред очите на Министерството за внатрешни работи, без никаква интервенција и без реакција од другите надлежни институции. Овој случај уште еднаш го отвора прашањето каде се институциите и зошто не постапуваат“, прашува Витина.

Обвинителството кривично гони двајца за насилство врз Арсовска, за едниот кој и физички ја нападнал бара притвор

Таа во нејзината објава напомена дека МВР, државната градежна инспекција на министерството за транспорт и општинските градежни инспекциски служби на општина Чаир имаат законска обврска веднаш да го спречат понатамошното незаконско градење и да обезбедат соодветна одговорност за сите инволвирани.

„Граѓаните имаат право на уреден, безбеден и законски регулиран простор. Толерирањето на небезбедни дивоградби, особено кога тие се градат и по официјално поднесени пријави, е директно кршење на правниот поредок и ја поткопува довербата во институциите. Се потврдува изјавата на еден од полициските службеници каде бевме вчера скоро 3 часа во полициска станица Кисела Вода, дека на определена територија во општина Чаир немаат никаква моќ на постапување. Очекуваме итна реакција да се спречи беззаконието, законот мора да важи еднакво за сите“, потенцира Витина.

Ме тепаше со клоци, со замавнување, со закани за силување пред очите на полицајците, вели Арсовска

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!