
И Обвинителството сега е ажурно во гонењето насилство врз жени – во ист ден постапки против двајца тепачи
Слично како и МВР, Јавното обвинителство по бруталното убиство на Росица Коцева од Велес и нејзиниот татко минатиот месец, деновиве постојано известува за експресно започнати постапки против насилници кои нападнале и претепале жени, нивни партнерки.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Во едниот случај, како што информираат оттаму, постапка е поведена против жител на скопската населба Ѓорче Петров, кој на 25 септември, во семејниот дом до несвест ја тепал вонбрачната партнерка.
„Осомничениот ја нападнал оштетената удирајќи ја со тупаници, шлаканици и клоци по главата и целото тело, а во еден момент почнал и да ја дави, поради што жената изгубила свест“, велат од ОЈО, додавајќи дека тој ќе одговара за кривичното дело телесна повреда.
За истото дело ќе одговара и другиот осомничен, кој се товари дека во скопското село Мирковци брутално ја претепал поранешната партнерка.
„Откако дошол во домот и ја известил поранешната сопруга дека решил да остане таму, таа го замолила да си замине. Но, тој одбил, по што почнал физички да ја напаѓа, влечејќи и тегнејќи ја за рацете, удирајќи и тупаници, од кои удари оштетената се здобила со повреди“, велат од ОЈО.
Во двата случаи, обвинителот на судот му предлага да изрече притвор за осомничените.