Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

И Норвешка потврди присуство на болеста птичји грип
Норвешка пријави појава на високо патогениот вирус на птичји грип Х5Н1 на фарма за живина во општината Хадсел во округот Нордсал, објави во вторник Светската организација за здравје на животните (ВОАХ), при што податоците сигнализираат ширење на болеста во Европа на прагот на есента. Вирусот Х5Н1 беше откриен во јато од 7.500 живина и уби 500 птици, објави ВОАХ со седиште во Париз, повикувајќи се на извештај од норвешките власти.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Само во последните две недели, вирусот на птичји грип е регистриран и во Германија, Португалија и Бугарија. Кон средината на јули, болеста се појави и на фарма за мисирки во Шпанија. Птичјиот грип обично се шири меѓу живината во Европа на почетокот на есента, потсетува Ројтерс. Птичјиот грип значително ја зголеми цената на јајцата во Европската Унија, кои во вториот квартал беа за 27,8 проценти повисоки во однос на истиот период минатата година, според пресметките објавени денес од Евростат.
Во првите три месеци од оваа година, цените беа повисоки за 10,7 проценти. Владите и одгледувачите на живина стравуваат од ширење на болеста, која во последните години ги опустоши стадата низ целиот свет, прекинувајќи го снабдувањето и зголемувајќи ги цените на храната, со зголемен ризик од пренесување на луѓето, пренесува „СЕЕ.биз.еу“.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
18мин
-
34мин
-
51мин
-
57мин
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5