Милан наскоро може да добие нови газди/ фото: EPA-EFE/MATTEO BAZZI

И Милан ставен на „трансфер листа“, фонд од Бахреин сака да ги купи „росонерите“

Лидерот во Серија А, Милан наскоро може да добие нови сопственици и тоа од Бахреин, пишува „Лекип“.

Францускиот весник пишува актуелниот сопственик на Милан, инвестицискиот фонд од САД „Елиот“ конечно нашол купувач за италијанскиот тим и тоа на Блискиот Исток. Според „Лекип“ иден сопственик на Милан треба да биде инвестицискиот фонд од Бахреин „Инвесткорп“ чија вредност се проценува на 40 милијарди долари.

Оваа вест ја алармира и Европската фудбалска федерација (УЕФА) бидејќи се сомнева во матни игри бидејќи „Инвесткорп“ планира да го купи и францускиот прволигаш Лил и тоа преку компании кои се регистрирани познати оф-шор дестинации како Луксембург, Кајманските острови и сојузната држава во САД, Делавер.

Според „Лекип“, УЕФА се сомнева во поврзаноста на компаниите кои се актуелни акционери во Милан како „Елиот“, „Бирч Интернешнл“, „Бирч Асошиетес“, „Калисто спортинг“ и „Мерлин партнерс“ и смета дека преку Милан тие перат пари.

Исто така УЕФА започна да го истражува и односот помеѓу Милан и Лил поради трансферот на голманот Мајк Мањан на „Сан Сиро“ како и договорените трансфери на Свет Ботман и Ренато Санчес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот