И кучињата имаат свој карневал во Бразил: Животни во костими парадираа низ улиците на Рио де Жанеиро

Фото: Profimedia

Карневалските прослави во Рио де Жанеиро започнаа во саботата, а десетици кучиња облечени како сирени, суперхерои, пеперутки и кловнови продефилираа заедно со нивните сопственици на една од најпопуларните улични забави за кучиња во градот, пишува „Асошиејтед прес“.

„Блокао“ – игра на зборови, составена од „блоко“, што се однесува на карневалски улични забави, и „као“, што се однесува на куче на португалски – собра над 200 луѓе во населбата на плажата Бара де Тијука во Рио во саботата наутро.

Кучињата, од сите големини и раси, биле претставени на мала бина на средината на плоштадот.

Па, така, чивавата Алана била облечена како блескава сирена, кокер шпаниелот Тринде како Хермиона во наметка и шицуто Биду како крзнен Супермен.

Пакока, двегодишно јазовичарче со 100.000 следбеници на Инстаграм, парадираше како хот-дог – ставен во „лепче“ и прелиен со „кечап“ и „сенф“.

„Тој е инфлуенсер“, изјави неговата сопственичка Хелена Рибеиро (32), која носела црвена кошула со етикета за кечап на „Хајнц“. Костимот на Пакока, рече таа, бил инспириран од неговата раса.

Родриго Пирола и Сесилија Миреле пристигнале на карневалот облечени како Фред и Вилма Флинстон, облека која ѝ одговарала на четиригодишната Амора, која носела портокалов фустан.

„Амора е наша ќерка, ние сме семејство. Секаде одиме заедно. Сите овде се лудо вљубени во кучиња“, изјави Миреле за Асошиетед прес.

Каролина Едуардо (27) ја облече својата 13-годишна миленичка Ребека во костим на Снежана, прикачувајќи темна сјајна перика меѓу нејзините уши како „јаготка на шлагот“.

По натпреварот во костими, љубителите на кучињата и нивните миленици танцувале во ритамот на бразилските поп класици.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот