Биљал Касами/ Фото: МИА

И Касами најави блокада на Собранието

Ќе ги искориостиме сите можни механизми за да предизвикаме што поскоро да се оддржат предвремени парламентарни избори, велат од опозициската Беса за „Слободен печат“. И партијата предводена од Билал Касами најавува опозициска блокада на парламентот откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски најави дека преку филибастеринг и амандмани ќе ја закочат работата на Собранието за да издејствуваат предвремени парламентарни избори.

– Ставот на Беса е многу јасен и го повторуваме неколку месеци. Легитимитетот на Владата е спорен бидејќи мнозинството е направено преку уценувани пратеници и политички партии кои преку ноќ од критичари на власта станаа дел од Владата. Ваквиот состав на Владата рефлектира и лошо управување со сите институции, затоа е многу битно ден побрзо да имаме парламентарни избори, легитимнитетот да се врати на граѓаните и тие да одлучат за тоа кој треба да ги претставува. Ние ќе ги искористиме сите можни механизми за да предизвикаме предвремени парламентарни избори што побрзо – велат од Беса.

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на предлог на претседателот Мицкоски вечерва треба да одлучува за активна блокада на Собранието за да издејствува дијалог и предвремени избори откако премиерот Димитар Ковачевски веќе неколку пати одби средба со лидерот на опозициската партија условена со датум за избори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот