Град Скопје - бараките - Фото / Слободен печат / Методи Здравев
Град Скопје - бараките - Фото / Слободен печат / Методи Здравев

По Општина Аеродром, и Град Скопје поднесе кривична пријава против „Комунална“

Град Скопје поднесе кривична пријава против Јулијана Спироска, претседател на Управен одбор на ЈП „Комунална хигиена” за загрозување на животната средина и несобирањето на отпадот. Претходно кривична поднесе и Општина Аеродром за несобирањето на ѓубрето и загрозувањето на животната средина.

Од Град Скопје во пријавата наведуваат дека во периодот од 2022 година до денес било констатирано дека поради активности на Јулијана Спировска од ВМРО-ДПМНЕ, претседателка на Управниот одбор на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, претпријатието континуирано не ја спроведува својата основна дејност, односно одржување на хигиената на подрачјето на град Скопје.

„Поради неа и нејзините политички мотивирани опструкции, повеќе од 3 години претпријатието е нефункционално“, велат од Град Скопје.

Од Општина Аеродром претходно денеска соопштија дека нивните екипи во изминативе 3 дена собрале 24 тони комунален отпад од домаќинствата во Аеродром, работа која градското комунално претпријатие не ја извршило.

Општината и ЈП „Комунална хигиена“ неколку пати си ја префрлаа топката околу надлежноста за тоа кој треба да ги исчисти мини-депониите кои се појавуваа на повеќе локации низ Аеродром.

Комунална: За чистење на депонијата кај Железничка е надлежна Општината, нашите обврски се исполнети

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот