Фото: Sao Paolo FC

И Бразил доби свој „Лионел Меси“, потпиша договор со Сао Паоло

Сао Паоло потпиша договор со Лионел Меси, секако не станува збор за ѕвездата на Пари Сен Жермен туку за деветгодишно момче од Бразил на кое целосното име му е Лионел Меси Да Силва.

Она што е посебно интересно е што и таткото на ова момче се вика Хорхе, исто како на аргентинската ѕвезда. Поради неговото име ова момче привлече големо внимание, меѓутоа според пишувањата му се најавува добра фудбалска иднина.

Сон на момчето е да заигра за Барселона, меѓутоа за такво нешто пред него има многу работа, во овој момент ќе биде под договор со бразилскиот гигант.

„Секогаш сонував да играм професионален фудбал, а сега мојот сон станува реалност. Благодарен сум на Сао Паоло што ми ја даде оваа можност, ќе дадам се од себе да ја искористам на најдобар начин“, изјави малиот Меси.

За медиумите зборуваше и неговиот татко.

„Навистина сме горди на нашиот тим. Работеше напорно за да дојде до овој момент и веруваме дека во иднина може да направи големи работи“, истакна Хорхе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот