X/Breaking Aviation News & Videos

ВИДЕО| Драма на летот за Краков: Кабината се наполни со чад, патниците се евакуирани

Необичен инцидент се случи на аеродромот Арланда во Стокхолм. Авион Buzz Boeing 737 управуван од Рајанер, требало да полета за Краков, но одеднаш кабината  се наполнила со чад.

Околу 189 патници беа брзо евакуирани со опрема за итни случаи од авионот, на што посведочија присутните кои ја опишаа сцената како драматична. Се’ се случило пред да полета авионот, а одговорните веднаш реагирале, пишуваат медиумите.

Службите за итни случаи, полицијата и аеродромските власти ја координираа евакуацијата и истрагата. Додека сите патници беа безбедно евакуирани, останала загриженоста за потенцијалните ризици за авионт, бидејќи причината за чадот првично била непозната.

Технологијата за термичка слика откри зголемена топлина во авионот, а на местото на настанот биле испратени и пожарникари.
Патниците биле евакуираат преку тобоганот на надувување.
Рајанер се извини за доцнењето и потврди дека резервен авион ги однел патниците до нивната дестинација во Краков.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот