Израел го повика на консулатции својот амбасадор во Шпанија, затегнати одностите меѓу двете земји

Шпанскиот премиер Педро Санчез / Фото: Архива

Израел го повика својот амбасадор во Мадрид назад во Ерусалим на консултации откако шпанскиот премиер Педро Санчез денеска повотрно излезе со отворена критика на воената акција на Израел во Појасот Газа, јави ДПА.

Премиерот Бенјамин Нетанјаху му наложи на министерот за надворешни работи Ели Коен веднаш да го повика шпанскиот амбасадор во Израел во Министерството за надворешни работи за да му врати протест за „срамните“ изјави на Санчез, соопшти кабинетот на Нетанјаху.

Повикувањето амбасадор во МНР на домицилната земја во дипломатијата се смета за умерено сериозен протест, пренесе ДПА.

Во интервју за државниот ТВ канал RTVE, Санчез денеска уште еднаш го повика Израел да дејствува во согласност со меѓународното хуманитарно право во борбата против палестинската исламистичка група Хамас.

„Со оглед на сликите што ги гледаме и зголемениот број луѓе, особено деца, кои умираат, имам сериозни сомневања дека тие се усогласени со меѓународното хуманитарно право“, рече шефот на шпанската Влада во четвртата по големина економија во ЕУ.

Коен ги опиша коментарите на Санчез како „безобразени“ и инсистираше на тоа дека Израел навистина се придржува кон меѓународното право. Санчез, исто така, повика уште еднаш европските земји да ја признаат палестинската држава.

„Видовме како Израел систематски ја окупира палестинската територија на Западниот Брег. А сега гледаме што се случува во Газа“, рече тој. Дипломатско решение на конфликтот не е само морален императив, туку и во интерес на Европа. Европа не може да си дозволи да има два отворени воени фронта, еден во Украина и друг на Блискиот Исток, рече тој.

Односите меѓу Израел и Шпанија се затегнати подолго време.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот