Фото: Wikimedia Commons

Хрватските рибари загрижени – се повеќе лососи се забележуваат во Јадранското море

На местото Локва Рогозница во Јадранското море бил забележан атлантски лосос.

„Додека бев на копно видов дека во мојата мрежа се заплетка лосос на само четири метри под вода. Во мрежата беше лосо од 2,2 килограми. Го извадив од мрежата, го ставив во кофа со вода и ги испратив на институт бидејќи не знаев за која риба станува збор“, вели хрватски рибар за Нов лист.

Лососите во Јадранското море почнале да се забележуваат пред извесно време откако побегнале од Велебитскиот канал. Загрижува фактот дека се забележуваат во Далмација бидејќи лососите се предатори и ги загрозуваат автохтоните врсти на риба.

Засега нема информација колку лососи има во Далматинското крајбрежје.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот