Фото: EPA/MICHELE MARAVIGLIA

Хрватскиот стратег кој го наследи Гасперини заврши во болница

Хрватскиот фудбалски стратег Иван Јуриќ е хоспитализиран во Италија поради проблеми со дишните патишта, пренесуваат италијанските медиуми. Кај Јуриќ била дијагностицирана инфекција на грлото, поради што привремено е задржан на болничко лекување.

Поради ваквата ситуациј, Јуриќ го пропушти првиот тренинг-собир на својот нов клуб, Аталанта каде што пристигна по крајот на изминатата сезона на местото на Гасперини кој се одлучи кариерата да ја продолжи на клупата на Рома.

За среќа првичните информации за состојбата на Јуриќ се дека стратегот е во стабилна состојба, но не е познато кога би бил пуштен од болницата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот