Фото: „Слободен печат“, Слободан Ѓуриќ

Хрватски сообраќаен експерт: Такси-лобито води хајка против електричните тротинети

Електричните тротинети станаа неизбежен дел од градскиот сообраќај, а тие во моментов се предмет на голема дебата околу нивното регулирање. Во Хрватска се подготвуваат законски измени со кои се воведува задолжителна регистрација и технички преглед на електричните тротинети, задолжително осигурување за возачите, построги ограничувања на брзината и високи казни за неправилна употреба, вклучително и казни за родителите на малолетни престапници, пишува „Н1“.

Сообраќајниот експерт Жељко Марушиќ е поборник за употребата на електричните тротинети во градскиот (микро)сообраќај и тој вели дека верува оти овие превозни средства се добредојдена алтернатива на лошо организираниот сообраќај во градовите, што би можело да го олесни и да го намали за пет проценти. Тој исто така верува дека ова олеснување би можело да се постигне со можноста за изнајмување тротинети во градските центри.

Тој не оспорува дека има зголемен број сообраќајни несреќи со електрични тротинети, но верува дека постои „хајка“ против ова превозно средство.

„Зад таа хајка стои лобито на таксистите, со цел да се уништи микросообраќајот во градовите. Треба систематски да се анализира влијанието на електричните тротинети во сообраќајот“, вели Марушиќ.

Тој додава дека се потценува влијанието на замената на автомобилите со тротинети во градовите.

„Од една страна, има несреќи, но од друга страна, возачите на тротинети „извлекуваат“ многу други сообраќајни ситуации. Човек кој вози електротинет нема да вози автомобил и со тоа нема да создава метеж во градскиот сообраќај. Ако возите според пропишаното, не повеќе од 25 километри на час, има мали шанси да се повредите или да ја изгубите главата“, вели Марушиќ.

Сообраќајниот експерт го смета предлогот за регистрација на електричните тротинети во Хрватска за погрешен.

„Дали велосипедите се регистрирани? Не. Јас сум за либерализација на транспортот на електрични тротинети, но треба да има многу поголема контрола од страна на сообраќајните редари. Секогаш се вели колку луѓе се убиени на електрични тротинети, но никој не споменува колку луѓе се убиени во автомобили затоа што тротинетите се користат повеќе. Ситуацијата треба да се гледа холистички“, изјави тој за „Н1“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот