Фото: Instagram / andrea_erjavec / ivana.delac

Хрватски мисици кои го запознале Трамп открија каков човек е идниот претседател на САД

Доналд Трамп, идниот претседател на САД, од 1996 до 2015 година, беше сопственик или косопственик на организацијата Мис Универзум, која ги вклучува натпреварите за Мис Универзум, Мис на САД и Мис тинејџерка на САД. Во овој период Трамп беше активно вклучен во организацијата и промоцијата на овие натпревари.

Меѓутоа, во 2015 година, за време на претседателската кампања на Трамп, неговите изјави за мексиканските имигранти доведоа до прекин на соработката со телевизиските компании „НБЦ“ и „Јунивижн“, кои ги емитуваа натпреварите.

Како резултат на тоа, Трамп го купи уделот на „НБЦ“ во организацијата Мис Универзум и набргу потоа ја продаде целата организација на „ВМЕ/ИМГ“. Така некои хрватски убавици успеаја да го запознаат идниот претседател на Америка.

Во разговор со „Индекс.хр“, Ивана Делач и Андреа Ерјавец открија каков човек е Доналд Трамп.

„На изборот за Мис Универзум во 2003 година во Панама, г-дин Трамп дојде да го гледа финалето. Бидејќи беше носител на лиценцата за Мис Универзум, секоја година доаѓаше на светскиот натпревар. Се сретнавме и се поздравивме зад сцената непосредно пред финалето“, се присетила Ивана Делач за „Индекс“.

Инаку, Ивана беше Мис Универзум Хрватска 2003 година и е директорка за односи со јавноста на Дирекцијата за Мис Универзум Хрватска.

„Кон сите дами се однесуваше како вистински џентлмен, крајно љубезен, одмерен и сакаше да се поздрави со секоја од нас непосредно пред почетокот на гламурозната програма, подавајќи ја раката и поставувајќи неколку прашања за земјата од која доаѓаме. Со оглед на тоа што освои дури два претседателски мандати, сега мислам дека јас сум единствеата од моите колешки што нема фотографија затоа што не успеавме ни да се сликаме бидејќи пред 21 година немаше паметни телефони и не ми беше дозволено да носам класичен фотоапарат зад сцената“, додала таа.

Андреа Ерјавец е Мис Универзум Хрватска 2023, а на својот инстаграм-профил му честиташе на Трамп за победата и објави фотографија со него и сопственикот на лиценцата за Хрватска.

„Го запознав Доналд Трамп на 22 ноември 2023 година, по учеството на изборот за Мис Универзум во Ел Салвадор. Г-ѓа Марија и господин Владимир Краљевиќ ми подготвија изненадување и организираа патување во Флорида, каде имав можност да го посетам домот на Трамп во Мар – Лаго и да го запознаам. Кога стигнавме, Трамп нè забележа оддалеку и ѝ викна на Марија нешто што нема да го откријам сега, а потоа праша: ‘Која е оваа убава. девојка?’ Потоа се запознавме, се ракувавме и се фотографиравме“,  раскажала Андреа за „Индекс“.

„Мојот прв впечаток за него беше многу позитивен. Ми се чинеше многу пријателски и фин. Мислам дека е лесно да се прават предрасуди за некого без соодветни информации, но лично тој ми остави впечаток на љубезна и отворена личност“,  додала таа.

Дали Трамп ќе ги протера Хари и Меган Маркл од САД? Парот веќе има резервен план

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот