британија мигранти EPA-EFE/TOLGA AKMEN

Хрватската полиција уапси двајца Срби за шверц на мигранти

Во понеделник, хрватската полиција, во соработка со Европол и словенечките колеги, спречи шверц на шест мигранти во областа Запрешиќ и уапси двајца осомничени шверцери, српски државјани. пренесува Н1.

Мигрантите биле скриени во товарниот простор на камион со српски регистарски таблички, управуван од 42-годишен државјанин на Србија.

Тие биле транспортирани во затворен простор помеѓу товарите, каде што постоела сериозна опасност по нивните животи поради можно движење на товарот и недостаток на воздух.

Во текот на кривичната истрага во областа Вараждин е уапсен и 32-годишен државјанин на Србија, сопственик на компанијата што го поседувала возилото. Полицијата се сомнева дека учествувал во организирање на шверц.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот