Архива на СП

Хрватска: Сакаме загарантирано место во српскиот парламент за претставникот на хрватското малцинство

Хрватскиот министер за надворешни и европски работи Гордан Грлиќ Радман денеска изјави дека Хрватска сака загарантирано место во српскиот парламент за претставникот на хрватското малцинство.

„Не сме задоволни од положбата на хрватскиот народ во Србија, изјави Радман Грлиќ, еден ден откако хрватскиот претставник Томислав Жигманов од Демократскиот сојуз на Хрватите во Војводина не влезе во парламентот на изборите во Србија“, пренесе агенцијата Хина.

Тој потсети дека Хрватска гарантира три пратенички места за српското малцинство, така што очекува еднакви права за хрватското малцинство во Србија. – Пратеничкото место на Хрватска треба да биде загарантирано, рече хрватскиот министер.

Запрашан за убедливата победа на Српската напредна партија на Александар Вучиќ, Грлиќ Радман оцени дека изборите „не ја олесниле политичката ситуација во Србија“ и дека Вучиќ се уште е соочен со многу прашања и проблеми што треба да ги реши.

Тој посочи дека Хрватска и Србија никогаш немале толку ниско ниво на соработка и оцени дека причината е неподготвеноста на властите во Србија да се соочат со минатото и да преземат чекори кон зајакнување на добрососедските односи.

Хрватскиот министер изрази надеж дека по формирањето на новата влада ќе се сретне со својот колега од Србија за да види како да ги решат проблемите, пред се оние од војната за независност на Хрватска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот