Фото:Инстаграм

Хрватска политичарка повика на бојкот за песната на Марко Бошњак: „Не случајно ја пееше хрватската химна на геј парадата“

Победата на Марко Бошњак на „Дора“ предизвика различни реакции во соседна Хрватска, а по сплитскиот свештеник и хрватската политичарка Лидија Бекавац повика на бојкот на неговата песна „Poison Cake“.

Советничка во Градскиот совет на Сплит од Хрватската граѓанска партија во објава на Фејсбук напиша дека песната што победи на Евровизија на Марко Бошњак „ја поттикнува одмаздата со труење како нешто позитивно“.

„Дали слушањето на оваа песна ја крие опасноста дека убиството со труење ќе стане пожелен начин за одмазда за секое чувство на лична повреда? Дали оваа песна го прикажува криминалот во посакувано светло? Гледајќи го видеото за оваа песна со змија во центарот на сè, не можеме да избегаме од чувството на непријатност и зло“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marko Bosnjak (@markobosnjaak)

Таа потоа се обиде да го претстави своето гледиште за „она што се крие зад песната“ и изјави:

„Песната „Poison Cake“ е напишана од интернационален тим, што е трета песна што ќе учествува на овогодишниот натпревар за песна на Евровизија. Победата на оваа песна ја донесе жири од Риека, Загреб, Осјек, Словенија, Ерменија и Финска. Додека нашите граѓани веруваа дека нивниот глас е пресуден па испратија илјадници и илјадници пораки и повици за миленикот на публиката Огнен по цена од 0,32 центи по повик и убаво ја наполнија касата на ХРТ“, па додаде:

„Не случајно Марко Бошњак ја отпеа хрватската химна на геј парадата во Загреб минатата година, бидејќи одговара на политичкиот и идеолошкиот тренд на мејнстрим медиумите. Поттикнување насилство на многу подмолен начин, дали е ова порака за нашите деца и нашата младина? Ајде сите да го бојкотираме она што ни се наметнува“, изјави таа, пренесува „Кликс.ба“.

Да потсетиме, ова не е прв ваков повик за бојкот, слична порака испрати и познатиот сплитски свештеник Анте Вучковиќ, кој рече дека неговата песна е полна со отров и треба да се избегнува.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!