unsplash

Хрватка сакала да го убие 20 години постариот сопруг, му ставила апаурини во кафето

43-годишна жена од хрватскиот град Метковиќ е уапсена и сместена во притвор откако му ставила лек во кафето на својот 20 години постар сопруг, со намера да го убие.

Според локалните медиуми, осомничената ставила десет таблети „апаурин“ од по десет милиграми во кафето на 64-годишниот сопруг. Апаурин е едно од бренд-имињата на бензодиазепинскиот лек кај нас најпознат како дијазепам.

Човекот, несвесен за опасноста, го испил кафето, по што набргу му се слошило и побарал лекарска помош. Според информациите, тој почувствувал слабост и побарал прва помош, по што итно бил пренесен во Општата болница во Дубровник, каде му бил испумпан желудникот. Тој потоа бил пуштен на домашно лекување.

Со кривичната истрага е утврдено дека 43-годишната жена сторила кривично дело убиство во обид.

Жената во понеделникот вечерта со кривична пријава била предадена на притворскиот надзорник, а денеска била спроведена кај истражен судија, по што судија ѝ одредил притвор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот