Фото: EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

Хрвати го ограбиле најскапиот фудбалер на Њукасл

Четворица државјани на Хрватска се уапсени во Англија поради грабеж во домот на фудбалерот на Њукасл, Александар Исак кој се случил на 4. април.

Крадците кои неодамна допатувале во Велика Британија од Италија биле уапсени во петокот. Исто така од полицијата соопштија дека ова дело не е единственото за кое се обвинети.
Александар Исак е најскапиот фудбалер на Њукасл за кого премиерлигашот плати 70 милиони евра на Реал Сосиедад. На 24 натпревари во Премиер лигата, Исак постигна 17 голови и запиша една асистенции.

Од домот на Исак крадците однеле скапа облека, пари, накит и автомобил кој подоцна бил пронајден.

„Дејли Мејл“ ги објави и имињата на сторителите: Јело Јовановиќ (42), Валентино Николов (31), Џакомо Николов (27) и Чарли Јовановиќ (23).

Британскиот инспектор, Шон Фроди истакна дека е горд на завршената работа на полицијата.

„Ова беше одличен приказ на квалитетна полициска работа. Операцијата покажува дека нема да го толерираме никаков вид на криминал. Сакаме максимално да ја заштитиме нашата заедница“, изјави Форди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!