Хоти објави детали по средбата со американската делегација на која се разговарало за езерото „Трамп“

Премиерот на Косово, Авдулах Хоти денес по состанокот со претставниците на Министерството за енергетика на Соединетите држави објави детали од средбата.

Хоти на Фејсбук рече дека Косово ги презема неопходните чекори кон имплементација на договорот од Вашингтон.

„Заедно со вицепремиерот Дритон Селманај, се сретнавме со делегација од Министерството за енергетика на Соединетите Американски Држави, со која раководеше г. Матеа Заис, заменик помошник генерален секретар, американски амбасадор на Косово, Филип Коснет и претставници на УСАИД, со кои разговаравме за имплементација на проектите договорени во договорот за нормализирање на економските односи меѓу Република Косово и Србија, потпишан на 4 септември во Белата куќа“, напиша Хоти.

Тој рече и дека и се заблагодарува на американската делегација за континуираната помош што Соединетите Американски Држави ја дадоа на Косово, во сите периоди на градење на државата.

На овој состанок се разговараше за економските и енергетските потреби на Косово, кои произлегуваат од Вашингтонскиот договор од 4 септември 2020 година, постигнат во Белата куќа и спроведувањето на проектите договорени во овој договор“, напиша премиерот.

Во Вашингтонскиот договор стои дека „обете страни ќе се согласат да соработуваат со Министерството за енергетика на САД и други релевантни правни лица на американската влада во физибилити студијата за потребите на споделување на езерото Газивода како доверливо снабдување со вода и енергија“.

Кон крајот на минатиот месец на браната на езерото Газивода се појави голем натпис „Езеро Трамп“ кои го поставија локалните Срби од северот на Косово.

Ниту Газивода, ниту Ујман туку „Eзеро Трамп“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот