Возила на Итна медицинска помош / Фото: Архива на „Слободен печат“

Хорор во Скопје: Двегодишно дете паднало од тераса од четврти кат на зграда

Синоќа во полиција било пријавено дека двегодишно дете од Скопје паднало од четврти кат од зградата во која живеее, информира МВР.

-На 22.06.2022 во 00.47 часот во СВР Скопје било пријавено дека двегодишно дете паднало од четврти кат од зградата во која живеее. Според пријавеното, додека родителите биле во станот, детето излегло на оградената тераса и се качило на стол, по што паднало, соопштија од МВР.

По несреќата на детето му била укажана лекарска помош на детската клиника во комплексот клиники „Мајка Тереза“ и биле констатирани тешки телесни повреди.

Дете паднало од терасата на штипскиот Градски трговски центар, тешко е повредено

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот