Илустративна фотографија за жена под стрес / Фото: Pexels

Хормонот на стрес може да доведе и до дијабетес: Шест симптоми на висок кортизол

Меѓу работните обврски, семејните задолженија, роковите и секојдневните животни предизвици, сосема е очекувано нивото на стрес да достигне загрижувачки високи граници. Хормонот што го одредува нивото на стрес во организмот е кортизолот, кој се лачи како одговор на притисок и анксиозност. Не е изненадување што пребарувањата на Гугл за „кои суплементи помагаат во намалување на кортизолот?“ пораснале за неверојатни 557 отсто во периодот од 2023 до 2024 година. Овој податок јасно покажува дека забрзаниот начин на живот кој го водиме е на работ на издржливост, пишува „Живим“.

Што е кортизол?

Кортизолот е хормон што го произведуваат надбубрежните жлезди и учествува во бројни витални функции, како што се регулирање на метаболизмот и циркадискиот ритам. Тој има улога во контрола на воспалителните процеси, влијае на меморијата и, пред сè, реагира на стресни ситуации. Кога организмот се соочува со ненадејна опасност, надбубрежните жлезди нагло го зголемуваат лачењето на кортизол. Ако ваквите подрачја на стрес станат хронични, долготрајното покачено ниво на кортизол може да претставува сериозен ризик за здравјето.

Ризици од прекумерен стрес

Ако стресот произлегува од работни или семејни обврски и е долготраен, тоа може да предизвика здравствени проблеми. Прекумерниот стрес може да доведе до:

  • Опсесивни мисли кои дополнително ја зголемуваат анксиозноста
  • Проблеми со меморијата поради преоптовареност на мозокот
  • Развој на хронични болести како што е дијабетес тип 2
  • Ослабен имунитет
  • Зголемен ризик од срцев удар кај лица со генетска предиспозиција
  • Затоа, важно е да се препознаат симптомите на висок кортизол и да се преземат мерки за негово намалување.
  • Симптоми на висок кортизол

Телото испраќа јасни сигнали кога нивото на кортизол е превисоко. Некои од нив се:

  • Нарушен сон
  • Раздразливост и промени во расположението
  • Хроничен замор и слабост во коските
  • Намалена концентрација
  • Зголемување на телесната тежина
  • Проблеми со кожата, како што се акни и псоријаза

Доволно е да се појави само еден од овие симптоми за да биде знак за тревога.

Како да го намалите нивото на кортизол?

Зголеменото ниво на кортизол не е неповратно. Постојат стратегии за враќање во нормала и создавање навики што ќе спречат негово повторно покачување:

  • Одржувајте редовен ритам на спиење – легнувајте и станувајте во исто време. Спалната соба треба да биде затемнета, тивка и не премногу загреана.
  • Избегнувајте телевизија, мобилни уреди, физичка активност и консумација на алкохол и кофеин непосредно пред спиење.
  • Останете физички активни – не мора да бидете професионален спортист, доволни се 20-30 минути прошетка или лесен аеробен тренинг дневно.
  • Практикувајте техники за длабоко дишење и mindfulness за враќање на телото во мирна состојба.
  • Балансирана исхрана – избегнувајте заситени масти, рафинирани шеќери и житарки, а консумирајте повеќе зеленчук, овошје, мешунки, интегрални житарки и здрави масти.

Со овие чекори, не само што ќе го намалите кортизолот, туку и ќе го подобрите целокупното здравје на телото и умот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот