Воени авиони „Ф-35“ / Фото: EPA-EFE/GIUSEPPE LAMI

Холандски ловци пресретнаа руски воени авиони во близина на Полска

– Два холандски борбени авиони „Ф-35“ пресретнале три руски воени авиони во формација во близина на Полска и ги придружувале надвор од источноевропската земја на НАТО, соопшти холандското Министерство за одбрана.

Во соопштението објавено доцна синоќа, се вели дека „дотогаш сè уште неидентификуваниот авион се приближил од Калининград до полската област на одговорност во НАТО“. Руската балтичка ексклава се наоѓа меѓу Полска и Литванија, две земји кои се членки и на Северноатлантскиот договор и на Европската Унија.

Подоцна беше утврдено дека се работи за извидувачки авион „Ил-20М“ и два ловца „Су-27“. Два холандски „Ф-35“ од далечина ги придружувале трите руски воени авиони, а потоа мисијата им ја предале на партнерите во НАТО.

Осум холандски борбени авиони „Ф-35“ се распоредени во Полска овој и следниот месец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот