Холандија протерува двајца руски дипломати заради шпионажа, барале информации за вештачка интелигенција

Холандија денеска го нареди протерувањето на двајца руски дипломати под обвинение за шпионажа, јавувија холанските медиуми.

Холандската агенција АИВД во соопштение наведе дека открила дека дипломатите, кои биле вработени во руската амбасада во Хаг, биле ангажирани во шпионажа, пренесуваат британските медиуми.

„Ние ги штитиме стратешките интереси на нашата земја со собирање разузнавачки информации и користење на тие информации за разоткривање на шпионажата. На тој начин можеме да ги нарушиме овие обиди за шпионажа, како што направивме овде“, рече генералниот директор на АИВД, Ерик Акербум.

Еден од нив барал информации за вештачка интелигенција, полупроводници и нанотехнологија, соопшти АИВД.

„Оваа технологија има цивилна, како и воена примена, вклучително и во вооружените системи“, додаде Акербум.

Извор:МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот