Фото: ANGELA WEISS / AFP / Profimedia

Хју Џекмен не губи време: Уште не е официјално разведен, а веќе планира свадба со новата девојка

Иако неговиот развод со Дебора-Ли Фурнес сè уште не е финализиран, австралискиот актер Хју Џекмен се подготвува да ја запроси својата девојка, актерката Сатон Фостер.

Холивудската ѕвезда планира да се ожени со својата девојка, актерката Сатон, веднаш штом и официјално биде финализиран неговиот развод. Инаку, двојката го направи своето прво јавно појавување заедно минатиот месец, две години откако тој објави во јавноста дека неговиот брак со Дебора-Ли завршил по 27 години.

Извор близок до актерот откри дека ѕвездата на „Вулверин“ веќе прави планови за иднината со Сатон, а тоа вклучува и брак.

„Хју ги помина празниците во Австралија и тогаш сфати колку многу му недостига Сатон. Магијата се врати кога се обединија и јасно е дека бракот е следен. Хју сака Сатон да му стане сопруга“, открил извор за „Дејли мејл“.

Сепак, венчавката ќе мора да почека малку, барем додека не се финализира разводот од Дебора-Ли. Како што е веќе откриено, Џекмен и неговата сè уште официјално сопруга не поднеле барање за развод од едноставна причина – не можат да се договорат за поделба на имотот.

Бидејќи пред 27 години, кога се венчаа, веруваа дека нивната љубов ќе трае вечно, но немаше индикации дека Џекмен ќе стане светска ѕвезда и ќе заработи милиони, не потпишаа ниту предбрачен договор, па сега треба да го поделат своето богатство проценето на 250 милиони долари, од кое Дебора-Ли нема намера да се откаже.

Хју Џекмен и Сатон Фостер се новата „тајна“ холивудска двојка: Се кријат, но не ги тргаат рацете еден од друг

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот