Фото: Profimedia

Хисени за дијалогот Белград – Приштина во Брисел: Ако нема меѓусебно признавање, нема ниту договор

Хисени повтори дека конечниот договор „мора да опфати и меѓусебно признавање“.

Шефот на експертската делегација на Косово во дијалогот со Србија Скендер Хисени изјави денеска дека нема да има договор со Белград доколку „меѓусебното признание“ не биде конечен исход од дијалогот.

Тој по состанокот со претставниците на Белград во Брисел, рече се водени „тешки разговори“ за елементите кои на крајот, според неговите збориви, ќе биде дел од „сеопфатен право обврзувачки меѓународен договор“.

„Се работи за прецизен јазик кој нема да дозволи никакво двосмислено толкување на ниту една одредба“, изјави Хисени по состанокот со претставниците на Белград во Брисел.

Запрашан за претходните договори кои се постигнати во рамки на дијалогот, шефот на косовската делегација наведе дека „се останато се подредува на ова што е ‘чадор’ кој ги опфаќа сите елементи“.

Хисени повтори дека конечниот договор „мора да опфати и меѓусебно признавање“.

„Ако тоа не биде конечен исход, тогаш нема да има ниту договор. Или ќе се договориме за се или за ништо“, наведе Хисени.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот