Фото: Хелсиншки комитет

Хелсиншки комитет со критика до Министерството за здравство: Апелите до медиумите се закана за слободата на изразување

Хелсиншкиот комитет за човекови права изрази загриженост поради апелот на Министерството за здравство до медиумите да не ги снимаат и фотографираат пациентите кои се лекуваат во кочанската болница, по трагедијата во дискотеката „Пулс“.

ЗНМ се противи на цензорското соопштение од Министерството за здравство, во кое им се командува на новинарите како да известуваат за повредените во „Пулс“

Од Комитетот потсетуваат дека иако приватноста на жртвите мора да се почитува, јавниот интерес за условите во кои тие се лекуваат е од исклучителна важност. Апелите што ги ограничуваат медиумските извештаи, според нив, претставуваат потенцијален обид за институционално ограничување на слободата на информирање.

„Министерството ризикува да воспостави штетна пракса што може да води кон цензура“, се вели во соопштението, со потсетување дека новинарската етика е прашање на саморегулација и дека за тоа се надлежни тела како Советот за етика во медиумите и Судот на честа при ЗНМ.

Хелсиншкиот комитет апелира до Министерството да се воздржи од неформални ограничувања врз работата на медиумите и ги охрабрува новинарите да продолжат да информираат професионално и со чувствителност кон жртвите – но и со јасна свест за одговорноста пред јавноста.

„Демократијата се темели врз транспарентност и критичко информирање. Секој обид за ограничување на тие принципи претставува закана за правата и слободите на сите граѓани“, заклучуваат од Комитетот.

Кочани: Министерството за здравство „ја спушти завесата“ и воведе цензура за медиумите – им забрани да ја снимаат рехабилитацијата на повредените во „Пулс“ во болница финансирана од парите на сите граѓани!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот