Џастин и Хејли Бибер - Фото: Инстаграм/Принтскрин/ Икс

Хејли Бибер очајно сака да му помогне на Џастин, ситуацијата е сѐ полоша и полоша: „Тој е манијакален, не спие, не јаде…“

Музичарот Џастин Бибер во последно време изгледа непрепознатливо, а неговите обожаватели, пријателите и семејството изразија загриженост за него. Во текот на изминатите неколку месеци, Бибер објавува вознемирувачки пораки на социјалните мрежи, а многумина го забележаа неговото бизарно однесување на видеата што ги сподели. Папараците го фотографираа неколку пати додека излегуваше, а на фотографиите пејачот изгледа многу послаб од порано и неговото лице изгледа истоштено.

Неговата сопруга Хејли Бибер, со која го има синот Џек, се обидува да му помогне на секој можен начин и ги замолила семејството и пријателите да се молат за него. Извор од нивната црква зборувал за странските медиуми и открил дека ситуацијата е полоша отколку што многумина мислат.

„Тој е манијакален, не спие, едвај јаде, испраќа луди пораки среде ноќ. Често тоа нема многу смисла, но тој е убеден дека има. Не сфаќа колку му е потребна помош и сите околу него се загрижени“, изјавил извор за „Дејли Мејл“.

Однесувањето на пејачот е особено загрижувачко бидејќи последниве години живееше малку повлечен живот, а во последно време го гледаат насекаде.

Активен е на социјалните мрежи, каде речиси секојдневно објавува нови криптични пораки, комуницира со своите следбеници во живо и неколку пати е снимен во јавноста.

Пред една година, таткото на Хејли, Стивен навести дека парот има проблеми и јавно побара молитви за нив. „Постојат посебни предизвици со кои се соочуваат луѓето на видно високи позиции, а исто така нивниот непријател не сака тие да се доближат до Исус“, напиша тој во објавата што потоа ја избриша. Во објавата тој зборуваше и за заканите поврзани со „верата, бракот и животот“ на Џастин и Хејли. Неговата објава тогаш ја налутила неговата ќерка, но сега приказната се променила.

“Хејли ги замоли сите околу неа да се молат за Џастин. Таа не може да го извлече од ова. Неговите блиски мислат дека тој самиот не може да излезе од ова. Само Бог може да му помогне. Ние сме биле тука и порано, но не беше толку лошо”, додал изворот.

Минатиот викенд Џастин им се обрати на своите следбеници во директен пренос, а како што многумина коментираа, тој изгледаше вознемирено и изгубено. Бибер ги пушташе своите демо снимки и пееше со експлицитни стихови, а во видеото беше без маица. Неговото лице исто така изгледаше ослабено, а тој правеше чудни гестови со рацете во текот на целиот пренос. Во еден момент ја покри главата со ќебе, а неговото однесување предизвика лавина реакции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот