Чад се крева од згради во Газа по израелски воздушен напад - Фотографија ЕПА, Мохамед Сабер

Хамас тврди дека во Газа досега се убиени 493 Палестинци

Палестинското Министерство за здравство во Појасот Газа, кое го води Хамас, денеска објави дека 493 Палестинци биле убиени, а 2.300 биле ранети во малата, густо населена енклава.

Израелската Армија тврдеше дека убила стотици „палестински терористи“ на израелска територија.

Во Израел, медиумите, повикувајќи се на спасувачките служби, синоќа објавија дека се убиени најмалку 700 луѓе, меѓу кои 73 војници.

Хамас денеска објави дека сака „да ги ослободи сите палестински затвореници и да стави крај на израелските провокации на окупираниот Западен Брег и во Ерусалим, особено во џамијата Ал Акса“.

Портпаролот на Хамас, Абдел-Латиф ал-Кануах, во телефонско интервју за АП изјави дека членовите на Хамас сè уште се борат со израелските сили и дека утрово заробиле повеќе Израелци, откако синоќа соопшти дека повеќе од 130 луѓе биле однесени во Газа, пренесе Бета.

-Ние сме во отворена битка за одбрана на нашиот народ и џамијата Ал Акса“, рече тој, додавајќи дека битката е поврзана со „ослободувањето на сите палестински затвореници и запирање на активностите на фашистичката влада во Ерусалим“.

Тој рече дека Хамас држи „голем број Израелци во Газа“, но не кажа колку, само дека военото крило на Хамас ќе го објави тоа подоцна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот